Португалските власти запленија подморница што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин во средниот Атлантик, при што беа уапсени четири лица.
Подморницата била на пат кон Иберискиот Полуостров, а заплената е извршена со помош на Националната агенција за криминал на Велика Британија и Агенцијата за борба против дрога на САД, јавува Би-Би-Си.
Четирите уапсени членови на екипажот, двајца од Еквадор, еден од Венецуела и еден од Колумбија, се задржани во притвор откако се појавија на суд, јавува Танјуг.
🚨Tal como lo advertí
🇻🇪Ahora el cartel de los soles dirige toda su carga hacia europa
🇵🇹Portugal intercepta narcosubmarino con 1,7 toneladas de cocaína y detiene a cuatro tipulantes venezolanos
— YO SOY 🇻🇪🇺🇸✈️ (@ElGanadorHenry) November 4, 2025
Објавени се и снимки на кои се гледа како полицијата и морнарицата ја опкружуваат подморницата пред да се качат на неа. Исто така, се гледа како се запленуваат дрогата, а четворицата членови на екипажот, за кои се вели дека се од Јужна Америка, се апсат. Центарот за поморска анализа и операции (MAOC) со седиште во Лисабон добил информации дека криминална организација се подготвува да испрати подморница натоварена со кокаин во Европа, објавува
Службениците изјавија дека различните националности сугерираат дека зад организацијата стои меѓународна криминална мрежа.
Португалската морнарица соопшти дека бродот не можел да се одвлече до брегот поради лошите временски услови и неговата кревка структура и подоцна потонал на отворено море.
Шефот на португалската полициска единица за борба против дрога, Витор Ананијас, изјави дека екстремните временски услови и задушувањето на бродот им го отежнале престојот на екипажот на подморницата.
Португалските власти соопштија дека слични заплени на овие подморници станале почести во последните години, вклучително и заплената на 6,5 тони кокаин во март оваа година, исто така во близина на Лисабон.












