Преселете сè во Италија и добијте 100.000 евра

284

Трентино, регион во северна Италија, создаде програма за ревитализација на села кои се на работ на изумирање, нудејќи финансиска поддршка на оние кои би купиле и реновираат имоти таму. Програмата им нуди на заинтересираните до 20.000 евра за купување имот, до 80.000 евра за реновирање и вкупно до 40 проценти од трошоците за купување и реновирање на стара куќа.

Условот е имотот купен со помош на оваа програма да биде главен дом на новиот сопственик, а лицето да живее во него најмалку десет години – или ќе мора да ги врати парите. Исто така, постои можност имотот да се изнајми за истиот, десетгодишен период, но парите не можат да се користат за реновирање на куќа за краткотраен и туристички наем.

Вкупниот фонд е 10 милиони евра за периодот 2025-2026 година, а финансирањето е дел од поширока државна програма за ревитализација на мали градови со помалку од пет илјади жители. По првиот круг на апликации, кој се отвори напролет, вториот круг е отворен до 31 декември.

Програмата опфаќа неколку локации и во планински и во низински подрачја, од кои сите имаат заедничко што се ретко или речиси целосно ненаселени. Тука спаѓаат Вал ди Нон, Вал ди Соле, Вал ди Фиеме, Вал ди Чембра, Валфлоријана, Кастело Тесино, Валарса, Вермиљо и бројни други села.

Може да аплицираат сите кои не се жител на целните села и општини, Италијанци од Италија и странство, како и странци и поединци кои сакаат да купат и реновираат една, две или три станбени единици. Имотите мора да бидат во станбена категорија, надвор од луксузната класа, а зградите не смеат да имаат повеќе од осум станови.

По поднесувањето на апликацијата, одлуката за распределба на средствата се донесува во рок од 90 дена, а средствата се исплаќаат во рок од приближно 60 дена од одобрувањето. Програмата опфаќа широк спектар на внатрешни и надворешни работи, како што се реновирање на подови, инсталации, внатрешна столарија, покриви, фасади, балкони, надворешни скалишта и технички трошоци до 10% од вкупната сума.

ИЗДВОЕНИ