Препораки за претстојниот топлотен бран: Работа од дома, ослободување за бремени жени и лица над 60 години

106

Владата на вчерашната седница донесе одлука за спроведување на мерките согласно црвената топлотна фаза, по најавата на УХМР дека дневните температури оваа недела ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени.

Според тоа, Министерството за здравство во координација со УХМР и Институтот за јавно здравје е задолжено редовно да информира за состојбата со топлотниот бран, а здравствените установи, установите за згрижување стари лица и образовните институции да постапат согласно протоколите за кризна состојба.

Образовните институции и градинките треба да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Во однос на работните услови и заштита на работниците, се препорачува да се разгледа можноста за:

„Одложување на работниот процес во критичните часови од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина, реорганизација на работните процеси за вработените изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо, работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку, ослободување од работни обврски за бремени жени и лица над 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.“

ИЗДВОЕНИ