вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Препораки до граѓаните за намалување на аерозагадувањето   

Препораки до граѓаните за намалување на аерозагадувањето   

46

Секторот за заштита на животната средина во рамките на Град Скопје,  во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, донесе повеќе препораки.

Меѓу нив се: редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми или каков било синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци; печките на дрва да се користат и одржуваат според упатството на производителот, како и да врши редовен сервис на котлите, печките и на клима-уредите за ефикасно согорување и за помалку емисии на штетни материи.

Од Град Скопје ги известуваат граѓаните дека во наредниот период ќе има засилени инспекциски контроли на сите постројки што поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе им се посвети на откривањето и на спречувањето на палењето отпад.

ИЗДВОЕНИ