петок, февруари 6, 2026
Дома КУЛТУРА Преполна Македонска Филхармонија на “Кадифено“ – Новогодишниот концерт на Зарина Првасевда

Преполна Македонска Филхармонија на “Кадифено“ – Новогодишниот концерт на Зарина Првасевда

1185

Вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов “Кадифено” во преполната сала на Македонската Филхармонија одржа повеќе од успешен концерт. Новогодишен!  Како подарок за сите свои фанови. На концертот беше отсвирен репертоар кој ги вклучи најмногу македонските традиционални песни.

Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк Ердоган, кој по неколку минутниот аплауз од публиката, повторно се вратија на бис.

-Настапот со уметници со светско значење како Џенк, Ахмет, Андреа и Тони ми претставуваа исклучителна чест и задоволство. Атмосферата беше навистина магична. Големата посетеност и бројните пораки исполнети со топлина, мекост и милина кои ги добив по концертот потврдуваат дека оваа идеја беше препознаена и прифатена, искрено изјави Зарина.  На концертот настапија и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина, како и надежната контрабасистка, Андреа Мирческа.

 

ИЗДВОЕНИ