Премиерот на Шпанија повикува на забрана за израелски спортисти од меѓународни натпревари

203

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес повика на забрана за израелски спортисти од меѓународни натпревари додека трае војната во Газа.

„Зошто Русија е исклучена од спортски натпревари по инвазијата на Украина, додека на Израел му е дозволено да учествува по инвазијата на Газа“, праша Санчез за време на состанокот на пратениците на Социјалистичката партија во шпанскиот парламент, објави „Политико“.

„Додека продолжува со своето варварско однесување, Израел не може да ги користи меѓународните настани за да го подобри својот имиџ“, рече тој.

Изјавата на Санчез дојде во услови на дипломатска ескалација со Израел, откако тој ги поддржа пропалестинските демонстранти кои протестираа против учеството на израелски тим во велосипедска трка низ Шпанија.

ИЗДВОЕНИ