
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, ќе се приклучи на мировните преговори за Газа во Египет во среда. На состанокот ќе се разговара за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Катарскиот премиер патува во Шарм ел Шеик за да се сретне со други медијатори, вклучувајќи ги Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со цел спроведување на планот за прекин на огнот во Газа и договорот за ослободување на затворениците“, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.
Тој додаде дека неговото учество во разговорите ја потврдува решеноста на медијаторите да постигнат договор за прекин на војната.