недела, март 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Премиерот Мицкоски на увид на проект за изградба детска градинка во Инџиково

Премиерот Мицкоски на увид на проект за изградба детска градинка во Инџиково

92

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот е 47.508.811 денари, обезбедени од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, приземјен објект со висина од три метри. Во овој објект ќе бидат згрижени 36 деца над 2 години и 12 деца до 2 години, стои во соопштението.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ