Премиерот Мицкоски големиот празник 2 Август – Денот на Републиката – Илинден ќе го чествува во Скопје

91

По повод чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе оддаде почит на неколку значајни локации во Скопје.

Полагањето цвеќе ќе започне во 10:00 часот пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред Собранието. Во 10:20 часот, премиерот ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“, а во 10:40 часот ќе следи и оддавање почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.

По завршувањето на официјалниот дел, Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.

ИЗДВОЕНИ