Фото: Instragram _robertgolob

Премиерот на Словенија Роберт Голоб и неговата партнерка Тина Габер се венчаа во сабота, 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан на словенечкиот брег. Двојката го кажа своето судбоносно „да“ во Вила Тартина, а на церемонијата присуствуваше тесен круг на семејство и блиски пријатели. Церемонијата ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, близок пријател на премиерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Golob (@_robertgolob_)

На свадбената прослава, покрај семејството и пријателите на младенците, присуствуваа и министри и потпретседатели на словенечката влада – министерот за финансии Клемен Боштјанчиќ и министерот без ресор Матеј Арчон – како и европската комесарка за проширување Марта Кос.

Голоб (58) и Габер (39) во јавноста првпат се појавија како пар во февруари 2023 година, а медиумите потоа пишуваа за нејзиното влијание врз носењето на законот за заштита на животните.

Покрај активностите во областа на заштита на животните, Габер е позната и како инфлуенсерка.

Во Струњан, освен обезбедувањето на премиерот, беа распоредени и дополнителни полициски патроли, а според словенечките медиуми, на свадбата употребата на мобилни телефони била ограничена со цел заштита на приватноста.

Голоб е првиот словенечки премиер кој стапува во брак додека е на функција. Неговиот мандат истекува напролет следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Golob (@_robertgolob_)

ИЗДВОЕНИ