
Ривалите од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Челзи, со големо внимание ја следат ситуацијата околу српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и затоа се погласни се шпекулациите дека „старата дама“ ќе го продаде за време на зимскиот преоден рок.