
Лутите ривали од англиската Премиер лига, Челзи и Манчестер Јунајтед моментално водат голема борба околу потписот на првиот голман на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Џиџи Донарума. Репрезентативецот на Италија има уште една година од актуелниот договор со светците, но поради одлуката да не потпише продолжување на соработката, францускиот гигант е принуден да го продаде до крајот на летниот преоден рок.