среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Премиерката на Италија на маки: Мелони се обидува да се извлече!

Премиерката на Италија на маки: Мелони се обидува да се извлече!

54
EPA/ETTORE FERRARI

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, се двоуми дали да ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во работата на Комитетот за мир во Газа, објавува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Италијанскиот весник наведува дека Мелони прво ја поздравила поканата на Трамп да биде дел од Комитетот, но сега се обидува „да се извлече од таа ситуација“.

„Премиерката Мелони е заштитена со член 11 од Уставот на Република Италија, кој ѝ дозволува на Италија да биде дел од меѓународни организации што се занимаваат со мир, но само под услови на рамноправност со другите земји. Тоа е спротивно на правилата во Комитетот за мир во Газа дизајниран од Доналд Трамп, прв меѓу еднаквите во тоа тело замислено како еден вид приватни Обединети нации со влезница од милијарда долари“, објаснува уредничката на италијанскиот весник, Симоне Канетиери.

Додава дека Трамп, во светот по негов лик, сигурно ќе влезе во Мировниот комитет, одлучен дека „тој е оној што ќе ја реши трагедијата во Газа“, но дека оваа иницијатива сè повеќе добива форма на „приватен управен комитет на Обединетите нации или управен одбор на светот“, чија работа и членови ќе ги одлучува самиот Трамп, дури и кога ќе ја напушти Белата куќа.

Планот на Трамп досега предизвика претпазливи реакции од западните сојузници, а многу дипломати предупредуваат дека Мировниот комитет на Трамп би можел да ја поткопа работата на Обединетите нации.

Во четврток, Трамп треба да претседава со церемонијата на основање на новата група за време на Светскиот економски форум во Давос, наведува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ