Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ неделава ќе ја има својата африканска и португалска премиера на два значајни меѓународни фестивали. Првата проекција ќе се одржи на „Зума интернешнл филм фестивал“ во Абуџа, главниот град на Нигерија, што ќе биде воедно и африканска премиера на филмот.

Фестивалот е организиран од Нигериската филмска корпорација, а ова издание се одржува под мотото „Раскажувањето приказни и глобалното влијание: филмот како моќно средство за економски развој“. Тематскиот фокус ја нагласува стратешката улога на кинематографијата во обликувањето на перцепциите, влијанието врз глобалните општествени разговори и поттикнувањето културна размена.

„Јон Вардар против галаксијата“ ќе пристигне и на Азорските Острови – ќе се најде во изборот на 9. AnimaPIX во Португалија, каде што официјално ќе ја има својата португалска премиера.

„Анимапикс“ има репутација на фестивал што го слави „детето во секој од нас“, со фокус на креативноста, визуелната уметност и на експерименталните форми. Освен проекции, на фестивалот се одржуваат и изложби и промоции на илустрирани книги, стрипови и други форми на визуелната уметност.

Инаку, „Јон Вардар против галаксијата“ е прв долгометражен македонски анимиран филм. Досега беше прикажан на над 40 меѓународни фестивали и освои пет награди. Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, арт-директор е

Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

ИЗДВОЕНИ