Премиера на францускиот „Луда љубов” од Жил Лелуш во „Синеплекс“

1

Во киното „Синеплекс“, вечерва, (3 декември), во 20 часот, ќе се одржи премиерата на филмот „Луда љубов” (2024) од Жил Лелуш.

Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција, и Марија Апчевска, режисерка.

„Луда љубов” на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки.

Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во официјалната конкуренција, и досега постигна 5 милиони продадени билети само во Франција, во 2024 година.

За филмот, францускиот Ле Фигаро напиша дека е: „Моќна романса со неверојатна благост и жанровски мешавина на социјална драма, крими-акција, мелодрама, романтична и музичка комедија. Филмот не смеете да го пропуштите!” . Филмзакти, пак, дека “е емотивен, импулсивен и динамичен (…), направен со силен ентузијазам, обземајќи го веднаш срцето на гледачот преку оваа страсна љубовна приказна.”

Од 4 декември ќе следи проекција на филмот во рамките на редовниот репертоар на ова кино.

Гала филмската вечер е во организација на Францускиот институт во Скопје.

ИЗДВОЕНИ