Секогаш е интересно да се чуе што има да каже суперкомпјутерот кога станува збор за предвидувањата во Премиер лигата. Најсилното фудбалско првенство во светот започнува за неколку недели, обично се вели дека никогаш не било посилно, Ливерпул ја прекина доминацијата на Манчестер Сити, двата тима се засилија многу, секако, тука е и Арсенал, а компјутерот го даде новиот шампион на Англија.
Манчестер сити се враќа на тронот, убедливо, ќе освои 92 бода, клучно е враќањето на Родри, ќе има четири бода повеќе од Арсенал. Значи, Топџиите нема да ја освојат титулата, но интересно е што според ова предвидување, Артета повторно ќе биде менаџер на годината во Премиер лигата.
Ливерпул, иако значително засилен, ќе биде само трет, клучот е одбраната, што ќе биде главниот проблем на тимот на Арне Слот. На крајот, тимот од „Енфилд“ ќе освои 85 бода, што за разлика од минатата сезона ќе биде доволно само за третата позиција. Челзи ќе биде четврти, со оглед на широкиот ростер на играчи со кои располагаат, додека Јунајтед ќе направи драматичен напредок, достигнувајќи го петтото место. Астон Вила ќе заврши шести, пред Тотенхем во првата сезона на Томас Франк, Њукасл ќе биде само осми, ќе видиме со или без Александар Исак, додека првиот дел од табелата го затвораат Вест Хем со Потер на чело и Евертон на Мојес, кој би можел да биде посилен за Џек Грилиш.
Средината на табелата според компјутерот е резервирана за Брајтон и за Вулверхемптон (што е големо подобрување иако ги загубија Куња и Аит-Нури), тука се и Брентфорд, Фулам, Кристал Палас…
Најголем пад се предвидува за Нотингем Форест, кој го има речиси истиот ростер, само без Еланга, и ќе биде само 17. над зоната за испаѓање. Што се однесува до оние што ќе испаднат, тука се Сандерленд и Лидс.
Најдобар стрелец во лигата ќе биде Халанд со 36 гола, 13 повеќе од Салах, а меѓу првите четири стрелци се и Исак и Кол Палмер.