– Иако родителите често ги користат уредите за да им го задржат вниманието на децата со помош на шарени слики и видеа, тука настануваат најголемите проблеми кај нив. Како физиотерапевти, секојдневно се соочуваме и се занимаваме со низа здравствени проблеми како што се сколиози и кифози. Затоа ви посочуваме дека овој пристап кај децата не е ефикасен за учење и може да има доста штетни последици во нивниот раст и развој, вели физиотерапевтот Жежов

 

Здравствените навики сè поретко се во фокусот кај младите. Мобилните телефони имаат штета врз здравјето на луѓето, а особено на децата. Затоа, наместо мобилен телефон, овозможете му здрав раст и мотивирајте го со одредена физичка активност. Сè почести се сколиозите кај децата. Нема родител да не се пожали дека неговото дете има сколиоза или друг проблем со вратот или со ’рбетот.

Прекумерната употреба на мобилните телефони од страна на најмладите може сериозно да го наруши нивниот развој, особено кога станува збор за стекнување и усовршување на говорните вештини. Иако родителите често ги користат уредите за да го задржат вниманието на децата со помош на шарени слики и видеа, тука настануваат најголемите проблеми кај децата. Како физиотерапевти, секојдневно се соочуваме и се занимаваме со низа здравствени проблеми како што се сколиози и кифози. Затоа, ви посочуваме дека овој пристап кај децата не е ефикасен за учење и може да има доста штетни последици во нивниот раст и развој.

Наместо децата да се поттикнуваат на активност преку комуникација и интеракција, екраните можат да создадат пасивност, да им го оштетат видот и да го намалат времето посветено на говорни игри, спорт и разговори, кои се, пак, клучен фактор за правилен развој кај децата.

Оваа дигитална навика, доколку не се контролира, може да доведе до одложено зборување, посиромашен речник и отежнато изразување кај децата. Наместо да се потпираат на технолошките уреди како алатка за смирување или забава, родителите треба да се фокусираат на директна комуникација или на одредена физичка активност преку која ќе го мотивираат детето да биде физички подготвено. Ограничувањето на времето поминато пред екранот на мобилниот телефон и насочувањето на енергијата кон интерактивни активности е клучно за здравиот развој на детето.

Пливањето, кошарката како и друга одредена физичка активност има голема улога во правилниот развиток и раст на детето.

Со одредената физичка активност, детето не само што стекнува здрава навика за вежбање туку и гради добра дефиниција на мускули, чија градба на телото спречува процеси на сколиоза или друг вид здравствен проблем во одредена регија на телото.

Децата треба често да се носат на физиотерапевт, а физиотерапевтот редовно да прави контроли – мерења, анализа на развивањето на детето, мерење на степен на развиена сколиоза или друг здравствен проблем кај детето.

Добро е ваквите контроли да се прават на секои шест месеци.

Доколку дојде до каков било здравствен проблем со детето, тој ќе може навремено да се реши, сè со цел да не дојде до степен на сериозно развиена сколиоза, која би барала сериозна физикална терапија подолг период или во краен случај, хируршка интервенција.

Следете ги здравствените препораки, бидете одговорни родители и внимавајте децата да бидат физички подготвени и посилни, со здрав ’рбет, здрави зглобови и здрави навики насочени кон спорт и физичка подготвеност.

 

(Авторот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација ФИЗИОТЕТАПЕВТ ЗДРАВЈЕ ГОСТИВАР)

ИЗДВОЕНИ