Преку „Систем 48“, лани решени 1.046 пријави од граѓаните

49

Во периодот јануари – декември 2025 година, преку „Систем 48“, во Општина Струмица биле решени и одговорени 1.046 пријави од граѓаните, од вкупно 1.046 доставени.

Од Општината соопштија дека другите 107 биле проследени до надлежните служби и биле пријави во процес на решавање, бидејќи за нив било потребно повеќе време од вообичаените 48 часа.

– Најголем број од доставените пријави се од областа на уличното осветлување – 777, од областа на собирање смет – 241, водовод и канализација – 74, паркови и зеленило – 70, улици, патишта и тротоари – 19 и општински инспекциски служби – 12 – информираа од локалната самоуправа.

Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за користењето на нивните услуги и, како што велат, остануваат во нивна служба за решавање на проблемите преку пријавување на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076/484-848.

Од Општина Струмица нагласуваат дека почитувањето на принципот на транспарентност значи обезбедување доволно податоци за граѓаните на Општина Струмица, за директно и непосредно следење на работата и квалитетот на секој сектор и служба на Општината.

–„Систем 48“, како јавно достапен сервис за сите граѓани на Општина Струмица, кој успешно функционира веќе 14 години, ја отсликува работата на поголем дел од општинските служби, кои ги решаваат проблемите пријавени од граѓаните во најкраток можен рок – потенцираат од локалната самоуправа.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ