Преку референдум Собранието на РС сака да го претстави Додик како политичка жртва

95

Народното собрание на Република Српска за денеска закажа седница со четири точки во обид за спасување на поранешниот претседател Милорад Додик, кому му беше одземен мандатот со правосилна пресуда на Судот на БиХ.

На дневен ред се прифаќање на оставката на премиерот на Република Српска, информација за пресудата на Судот на БиХ за Додик и одлуката на Централната изборна комисија на БиХ за престанок на неговиот мандат, став на Народното собрание за идните активности на институциите на Република Српска и предлог на закон за измени на Законот за референдум и граѓанска иницијатива (по итна постапка) и како последна точка – разгледување и усвојување на одлуката за распишување референдум во врска со одлуките на Судот на БиХ за Додик и одлуката на Централната изборна комисија на БиХ за престанок на неговиот мандат како претседател на Република Српска.

Владејачката структура во РС одбива да ја прифати пресудата и се подготвува за референдум, кој нема да може ништо да промени во правна смисла, туку ќе му купи на Додик неколку месеци фокус, каде што тој ќе продолжи да се претставува како заштитник на интересите на РС, како жртва и политички маченик. Во меѓувреме, се очекува Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина да распише предвремени избори за претседател на РС. Владата на ентитетот најави бојкот на тие избори, додека опозицијата, со исклучок на неодлучната ПДП, се подготвува да учествува.

ИЗДВОЕНИ