Од скопската Зоолошка градина предупредуваат дека, лажни фејсбук-страници со генерирани ВИ-текстови објавуваат лажни наградни игри со цел да ги соберат податоците, но и финансиите од картичките на корисниците кои ќе кликнат на линкот.
Притоа, апелираат граѓаните да не даваат никакви податоци и да не кликаат на линковите и додаваат дека Зоолошка градина Скопје воопшто не е дел од овие измамнички шеми.
Станува збор за фејсбук-страница – Куќа на играчки, која претставувајќи се во името на Зоолошката градина вели дека подарува сет кадифени играчки за одговори на прашања. Притоа, оттаму упатуваат да се пополни кратка анкета на нивната веб-страница, а за возврат ќе бидете добитник на колекција слатки играчки со достава до дома.