До крајот на мандатот на оваа Влада сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Преку својот мобилен телефон секој граѓанин ќе има пристап до сите институции и за тоа ќе добие дигитален идентитет. 

– Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспаретна и ефикасна. Дигитализацијата не е за машини, таа е за луѓето, таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чуствува државата како пријател, а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот а не обратно, истакна премиерот Христијан Мицкоски пред присутните на „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“ што се одржува во Скопје.

 

Редиците пред шалтерите на институциите треба да станат минато. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на мандатот на оваа Влада сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Преку својот мобилен телефон секој граѓанин ќе има пристап до сите институции и за тоа ќе добие дигитален идентитет.

– Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспаретна и ефикасна. Дигитализацијата не е за машини, таа е за луѓето, таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чуствува државата како пријател, а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот а не обратно – истакна Мицкоски пред присутните на „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“ што се одржува во Скопје.

Тој смета дека со дигитализацијата ќе станеме конкуретни со останатите земји во Европа и со регионот.

– Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, да станеме земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти – истакна Мицкоски.

Македонија веќе прави чекори кон дигиталната трансформација преку новата апликација Ем-услуги, која е всушност еден дигитален паричник кој ги чува сите документи и преку која безбедно можат да се разменуваат податоци за рокови и обврски.

– Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата ќе ја промени Европа од корен, таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество. Иднината им припаѓа на оние што се подготвуваат за неа денес – потенцира Мицкоски и истакна дека дигитализацијата може да ја претвори земјата во вистински сервис на граѓаните и ќе ја урне нееднаквоста меѓу оние кои имаат пристап и оние кои се оставени на маргините.

За премиерот, дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок.

– Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење – рече тој.

Во Скопје беа собрани претставници на државите, економиите од целиот Западен Балкан, експерти, претставници на дипломатскиот кор, на бизнис заедницата на целиот регион кои, освен за дигитализацијата, разговараа и за интероперабилноста, сајбер безбедноста, вештачката интелигенција…

Западен Балкан бара нулта тарифа со ЕУ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски рече дека од самитот произлезе заедничка декларација на земјите од Западен Балкан што ќе биде упатена до Европската унија.

– Работиме на воведување „слободен роаминг како дома“ за земјите од Западен Балкан со ЕУ. Со тоа ќе се намалат трошоците за дата, како и за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од регионот на Западен Балкан со ЕУ. Тоа е она што ние го направивме на Балканот, да го рашириме и во цела Европа – нагласи Андоновски и појасни дека ако декларацијата биде успешна, секоја држава потоа да работи на исполнување на условите на Европската комисија.

Првиот дигитален самит се одржа 2018 година во Скопје и по седми пат повторно се одржува во македонската метропола. Генералниот секретар на РСС, Амер Капетановиќ рече дека досега се преземени повеќе чекори за граѓаните од регионот, како што е зоната на слободен роаминг на Западен Балкан, како и намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан.

– Сега одиме понатаму да се постави нулта тарифа со ЕУ, што е голем исчекор во фазната интеграција со пазарот на ЕУ – истакна Капетановиќ и додаде дека крајната цел е поврзување на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ.

Тој најaви дека по овој Самит, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, на кој, како што напомена, ќе се усвојат важни документи и акциски планови, кои меѓу останатото се однесуваат на дигиталниот пазар на Западен Балкан, односно интеграција на дигиталниот пазар на регионот со тој на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ