недела, февруари 8, 2026
Дома СКОПСКА Преку игра, креативност и тимска работа, најмладите учат како да ја сакаат...

Преку игра, креативност и тимска работа, најмладите учат како да ја сакаат и заштитуваат природата

22

Општина Ѓорче Петров го поздравува учеството на ООУ „Мирче Ацев“ во меѓународниот Еразмус проект „Играј за екологија“.

– Преку оваа значајна иницијатива, наставници од Македонија, Полска, Турција и од Бугарија соработуваат за развој на иновативни еколошки игри, насочени кон подигнување на еколошката свест кај учениците. Преку игра, креативност и тимска работа, најмладите учат како да ја сакаат и заштитуваат природата, градејќи одговорни навики уште од најрана возраст – објаснуваат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека ја поддржуваат и поттикнуваат ваквата меѓународна соработка, која, како што велат, придонесува за квалитетно образование, еколошка одговорност и одржлива иднина.

– Горди сме на нашите ученици, наставници и училишта, кои се активни носители на позитивните промени во заедницата – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ