Иако освои седум американски национални титули, трипати беше учесничка на Олимписките игри (во 1992, 1996 и 2000 година), спортистката се здоби со светска слава многу години подоцна. Станува збор за Сузи Фејвор Хамилтон, која водеше двоен живот и во еден момент почна отворено да зборува за тоа. Таа стана светска медиумска ѕвезда откако ја издаде еден клиент.
– Да, работев како проститутка –призна Хамилтон во 2012 година.
Имено, се најде во центарот на скандал што ја потресе Америка. Нејзиното алтер его на дамата на вечерта од Вегас, Кели Ленди, беше откриено. Таа призна дека водела двоен живот и дека работела во агенција за придружба во Лас Вегас, заработувајќи дури по 600 долари на час.
Во своите мемоари „Брза девојка: живот во бегство“, призна дека страда од биполарно растројство. Таа тврди дека претходните лекари погрешно ја дијагностицирале нејзината болест, дека станала премногу сексуално активна поради погрешните антидепресиви. Потоа го започнала својот скриен живот, како елитна проститутка.
– Апсолутно сум сигурна дека никогаш немаше да станам девојка за придружба ако не беа тие лекови што направија да бидам премногу сексуално активна. Нема шанси! Но, исто така сум свесна дека имав секс за пари, па кога велам дека тоа беше вина на биполарното растројство, не се обидувам да се оправдам. Не бев јас. Тоа беше мојата болест. Одбивам да дозволам тој чин да ме уништи – рече Хамилтон.
Сузи имала многу проблеми со самодовербата во текот на својата кариера, а пресвртницата се случила кога намерно паднала и се преправала дека е повредена на трката на 1.500 метри, на Олимписките игри во Сиднеј.
– Во финишот од трката, пет девојки ме престигнаа и мојот сон за освојување олимписки медал заврши. Наместо да ја завршам трката, намерно паднав. Тоа беше моментот по кој сè тргна надолу – рече Хамилтон.
Набргу потоа, таа забремени и роди дете, но потоа стана депресивна. Потоа ѝ беа дадени лекови, кои целосно ја променија. За годишнината од бракот, таа го шокираше својот сопруг со предлог.
– За да го спасиме нашиот нарушен однос, во 2011 година Марк и јас решивме да одиме во Лас Вегас, за нашата годишнина. Го убедив да скокне со падобран и да проба секс во тројка. Пред тоа, имав секс само со него. Се сеќавам дека му кажав дека тој е вториот маж со кого имам спиено, на што тој одговори: „О каква штета! Треба да го правиш ова почесто!“ И тоа беше моментот кога се навлеков.
По неколку месеци, таа му кажала на својот сопруг дека мора да се врати во Вегас, но сама. Во еден момент, дури и размислувала како може да биде платена за секс. Се јавила кај сопственикот на успешна компанија за придружба и набрзо почнала да работи. Била искрена, му кажала на сопругот што планира да прави и ја имала неговата поддршка. Десет месеци била дама за придружба во Лас Вегас. Исто така, му открила дека имала петмина клиенти откако го истрчала полумаратонот.
– Еден ден трчав полумаратон во друга држава, а потоа се качив во авион, практично трчав до него за да стигнам до Лас Вегас. Имав пет „средби“ таа вечер.
Неколку години потоа, Сузи патуваше низ Америка како гостин предавач, споделувајќи „животни лекции“. Таа зборуваше сосема отворено за двојниот живот што го водела.
– Свртив нова страница во мојот живот. Моето животно искуство е богато и верувам дека морав да поминам низ секоја фаза за да се изградам и за да станам уште подобра личност. Можев да се свртам кон коцкањето, дрогата, алкохолот… но го избрав сексот – призна атлетичарката.