Општина Тетово изработи апликација за мобилен телефон наречена „Те клик“, која граѓаните ќе може да ја користат во иднина за плаќање на зонско паркирање и данок на имот.
– Апликацијата за паркирање им нуди можност на граѓаните да можат да видат дали има слободни паркинг-места во одредени зони или не. Исто така, ќе можат да проверат потенцијални места за колку време ќе бидат слободни, прикажувајќи ги минутите или времето одредено тоа паркинг место да биде ослободено. Секој граѓанин, преку апликацијата, со означување на регистарските таблички на одреден автомобилот, ќе може да види дали за него е наплатено паркирањето или не. Со ова, ние сме првата општина што го воведе овој тренд на транспарентност – истакнаа од Општина Тетово.
Општина Тетово има предвидено во иднина да почне да функционира и плаќањето преку оваа апликација за автобуски билет, влез во Националниот парк „Шар Планина“, сметка за вода, користење на електричен тротинет.
Воедно, ќе може да се врши пријавување настани и состојбите до општинските служби како и да се следи календар со настани.