Преку 60 македонски и грчки компании договорија економска соработка во повеќе сектори

33

Повеќе од 60 домашни и компании од Грција се собраа во Стопанската комора на бизнис-форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, коорганизиран од Грчката амбасада во Скопје и од Стопанската комора, овозможи повеќе од 200 B2B средби.

Како што информираа од Стопанската комора, форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција. Во своето воведно обраќање, амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, можат да ги развиваат и да ги продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.

Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции.

Делегацијата ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатија (SEV), Асоцијацијата на грчки извозници (SEVE) и од „Ентерпрајз Грис“. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.

ИЗДВОЕНИ