Израелските водухопловни сили нападнаа цели на Хамас во Појасот Газа откако терористичката група истрела противтенковска ракета на ИДФ, со што е прекршено примирјето.
Израел изврши воздушни напади врз области во Џабалија, град на северот од Газа, според израелските медиуми. Локалната новинска агенција „Вафа“ објави дека најмалку двајца Палестинци се убиени и дека неколкумина се ранети. Службите за итни случаи не беа во можност да стигнат до местото на настанот откако Израел ја прогласи областа за зона со висок ризик. Нападите се случуваат откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го напушти состанокот на кабинетот за да одржи итни безбедносни консултации, поради растечката загриженост за кревкото примирје.
Претходно, американскиот Стејт департмент ги информираше гарантите на договорот за прекин на огнот во Газа дека има „веродостојни извештаи“ што укажуваат дека „Хамас наскоро ќе го прекрши прекинот на огнот со напаѓање цивили“, пишува „Џерусалем пост“. На тоа високиот функционер на Хамас, Изат ал Ришек, одговори дека тие остануваат посветени на прекинот на огнот и го обвини Израел дека постојано го крши.