„Прекрасна си, навистина“ – Читач од усни откри што и рекол Трамп на Кејт Мидлтон

235

Американскиот претседател Доналд Трамп (79) бил воодушевен од убавината на принцезата Кејт Мидлтон за време на неговата државна посета на Обединетото Кралство.

Тоа го потврди експерт за читање од усни, кој открива што точно и рекол кога се сретнал со неа.

Според  анализата на експертот Џереми Фримен, американскиот претседател ѝ рекол за време на нивното прво ракување: „Прекрасна си, навистина“, пишува „Дејли Рекорд“.

Трамп и неговата сопруга Меланија во средата стигнаа во Виндзор, каде што беа пречекани од принцот и принцезата од Велс. По средбата со Вилијам и Кејт, Трамп беше пречекан од кралот Чарлс и кралицата Камила. Следеше формален пречек со кралски поздрав испукан од топови од Првата светска војна на тревниците на замокот Виндзор. По церемонијата на стражата на честа, Чарлс и Трамп беа видени како се смеат, а американскиот претседател неколкупати повтори „ви благодарам многу“.

ИЗДВОЕНИ