Прекинат транспорт на наркотици по балканска маршрута, до Западна Европа: Романската полиција одзела 66 килограми кокаин од камп-приколка

295

Романската полиција одзела повеќе од 66 килограми кокаин скриен во камп-приколка на територијата на округот Сибиу и уапсила двајца државјани на Србија, соопшти Дирекцијата за борба против организираниот криминал.

Судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена на осомничените.

Маж (37) и жена (46) се осомничени за меѓународна трговија со високоризични дроги, се наоѓале во возилото, кое, како што се сомнева, било наменето за транспорт на наркотиците во земји од Западна Европа, по балканска маршрута, преку Романија.

Полицијата пронашла вкупно 264 пакети со кокаин, скриени под рамката на креветот во камп-приколката, се наведува во соопштението.

Освен дрога, одземени се и пари во износ од 3.500 евра, 200 долари и четири мобилни телефони.

Возилото било на пат кон бугарско-романската граница, преку граничниот премин Ѓурѓу.

Осомничените прво биле задржани 24 часа, а потоа судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена.

Акцијата е спроведена со поддршка на локалните и на сообраќајните единици на романската полиција.

 

ИЗДВОЕНИ