Досега беа забележани неколку „луди“ работи на Светското клупско првенство, а сега речиси и да не заврши еден натпревар. Во дуелот меѓу Бока јуниорс и Оукленд, беше 1:1 во 54. минута кога дојде до прекин, а додека да се исполнат условите за продолжување на дуелот, сè беше неважно.

Дуелот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил мораше да биде прекинат бидејќи временските услови беа неповолни за играње. Многумина играчи се пожалија на екстремната жештина, која го оневозможи играњето фудбал. Ова беше петтиот натпревар што беше откажан поради лошите временски услови.

Во првото полувреме од прекинатиот натпревар, Бока поведе со автоголот на Геров, а потоа Греј го израмни резултатот на 1:1. До крајот остана нерешено, па екипата на Нов Зеланд успеа да освои бод и да постигне гол. Сепак, ја заврши групната фаза со само еден гол и 17 примени во три одиграни кола.

ИЗДВОЕНИ