„Прекин на огнот во Украина за 10 дена“: Зеленски и сојузниците имаат план

172

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека тој и неговите сојузници од „Коалицијата на подготвените“ интензивно ќе работат на воспоставување мир во Украина во следните 10 дена, објавува Скај њуз. Овој план се базира на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на војната „на сегашните фронтовски линии“.

„Накратко, ова е план за прекин на огнот. Се согласивме дека ќе работиме на него во наредните недели или во следните 10 дена. Украина побара од американската администрација ракети Томахавк, но не само за нив, туку и за слични работи“, објасни украинскиот претседател.

Средбата меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин требаше да се одржи минатата недела или оваа недела во Будимпешта, но беше откажана. После тоа, Русија ја тестираше ракетата Буревестник, што го налути американскиот претседател, кој веднаш ѝ се закани на Русија.

ИЗДВОЕНИ