Во петокот вечерта, околу 21:20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во близина на влезот за селото Лисичани, општина Пласница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 30-годишна жена била сериозно повредена.
Според информациите од СВР Охрид, патничко возило марка „Мерцедес“ со кичевски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот Н.Н. од селото Челопеци, удрило во пешакот А.В. од Лисичани. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде биле констатирани нејзините повреди