Предвремено родените бебиња принудени да делат маски за кислород и кревети! Израел одбива да дозволи префрлање на инкубатори! 

28

Израел постојано ги одбива барањата за префрлање инкубатори од евакуираните болници во северниот дел во јужниот дел на Појасот Газа, каде што новороденчињата сега делат маски за кислород и креветчиња, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

Тој нагласи дека одлуката на израелските власти го зголемила товарот врз преполните болници на југот од окупираната палестинска енклава, каде што новороденчињата сега делат маски за кислород, објави Ројтерс.

Според Светската здравствена организација (СЗО), поради војната помеѓу Израел и Хамас, една петтина од бебињата во Појасот Газа се предвремено родени и ненахранети.

Во една од педијатриските соби, имаше три бебиња и три мајки на еден кревет, еден извор на кислород, а мајките менуваа кислород по 20 минути за секое дете. Тоа е нивото на очај со кое се справуваат мајките сега, наведе Елдер.

За време на минатомесечната израелска офанзива врз градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа болниците се затворени поради што се пренатрупани болниците во јужниот дел од палестинската енклава.

Според СЗО, само 14 од 36 болници во Појасот Газа се делумно функционални.

ИЗДВОЕНИ