среда, февруари 18, 2026
Дома БАЛКАН Предвремените парламентарни избори во Бугарија се закажани за 19 април

Предвремените парламентарни избори во Бугарија се закажани за 19 април

9

Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата, Илијана Јотова.

Минатата недела, Јотова го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската народна банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори, осми во земјата-членка на ЕУ и НАТО за пет години, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.

„Ќе издадам декрет со кој ќе се распишат избори за 19 април“, објави Јотова денес на прес-конференција.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

ИЗДВОЕНИ