петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Предновогодишен концерт во градинката „Корчагин“

Предновогодишен концерт во градинката „Корчагин“

81

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од предновогодишниот концерт во градинката „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ со искрена радост и насмевки посакаа добредојде на Новата 2026 година.

-Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“ под водство на професорката Маре Видевска, со традиционални новогодишни композиции, сценски точки и празничен дух, најмладите упатија новогодишни честитки и желби до најблиските, и до најомилениот лик, дарежливиот Дедо Мраз – соопштија од Општина Центар.

Оттаму до даваат дека Герасимовски ги поздравил децата, родителите и вработените, им заблагодарил за прекрасниот концерт, а најмладите ги израдувал со новогодишни пакетчиња.

-Детската насмевка е најубавиот украс на празниците. Како градоначалник на Општина Центар, останувам целосно посветен на создавање услови за среќно детство и правилен развој на нашите најмили. Така било и така ќе остане – порача Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ