Украина не треба да биде притисната да отстапи територија на Русија како дел од иден мировен договор, изјави Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика.
Доколку ѝ дозволиме на Русија да задржи делови од украинската територија, „ќе паднеме во стапицата на (рускиот претседател) Владимир Путин“, рече таа во интервју за Би-Би-Си.
Тоа беше прво интервју од висок европски дипломат откако лидерите на некои европски земји и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена во Вашингтон.
Трамп потоа најави средба меѓу украинскиот и рускиот лидер, Володимир Зеленски, и Путин, без да даде детали, а пред средбата со рускиот лидер во Алјаска, тој зборуваше и за „размена на територии“.
Досега никој од Кремљ не потврди никакви информации за наводната размена на територии.