Предатор од сенка: Диди користел лажно име за да ги сокрие трагите од злосторствата

331
EPA/ASHLEY LANDIS

Раперот Шон Комбс, познат по своите сценски имиња Паф Деди, П. Диди и Диди, во последните месеци е на насловните страници не поради своите музички успеси, туку поради сериозни обвинувања што би можеле да му донесат повеќегодишна затворска казна.

Тој моментално се соочува со голем број кривични обвиненија, вклучувајќи трговија со луѓе за сексуална употреба, наведување проституција, изнуда и организиран криминал, кои сите тој жестоко ги негира.

Зошто користел лажно име?
За време на судењето се појавија голем број шокантни сведоштва. Според еден сведок, Комбс наводно го користел псевдонимот Френк Блек за да го скрие својот идентитет за време на озлогласените забави што се одржувале во хотелски соби и во неговите вили, каде што, според сведоците, сексуално напаѓал жени.

ИЗДВОЕНИ