Пред самитот на Трамп и Путин во Алјаска: Безбедносни мерки какви не се видени уште од Кубанската криза

255
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска предизвика невиден бран дипломатски и воени подготовки.

Според рускиот воен дописник Александар Коц, руската нуклеарна тријада ќе биде на ниво на борбена готовност што не е видено од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

-Мислам дека самитот би можел да се одржи и во Минск – прекрасен град, каде што безбедноста би била полесна за контрола. Никогаш не знаете што да очекувате од Американците. Уверен сум дека на денот на самитот, нашата нуклеарна тријада ќе биде во состојба на готовност што не е видена од Кубанската ракетна криза – рече Коц.

Тој нагласи дека секој инцидент во кој рускиот претседател би бил загрозен автоматски би значел casus belli – изговор за војна со најсериозни последици за оние кои би се обиделе да нападнат. -Доколку нашиот претседател го преземе тој ризик, мислам дека Трамп треба да го цени тоа- додаде Коч.

Воени подготовки на САД во Алјаска

Паралелно со руските мерки, американските воздухопловни сили објавија затворање на воздушниот простор над Алјаска од 14 до 16 август 2025 година, што го вклучува и денот на самитот.

Дополнителни системи за воздушна одбрана и неколку разорувачи од класата Арли Бурк опремени со напредниот борбен систем Аегис веќе се преместени во регионот.

Самитот организиран со необична брзина

Американскиот весник The New York Times наведува дека ова е еден од најбрзо организираните самити во последните години. Вообичаено, на ваквите настани им претходат месеци подготовка, сложени преговори и заеднички договорени документи, но Трамп, пишува весникот, се чини дека е подготвен да влезе во разговори без такви формалности.

Европските претставници тврдат дека, иако нема отворени најави, преговорите веќе се во тек на пониско дипломатско ниво меѓу руските и американските претставници. Сепак, останува непознато каде точно ќе се одржи самитот, колку долго ќе трае и дали Трамп ќе посредува и за евентуална средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Страв од политички игри

Додека Брисел, Лондон, либералите и демократите во Соединетите Американски Држави се во целосна хистерија, дури и некои републикански сојузници на Доналд Трамп изразуваат страв дека Владимир Путин би можел да ја искористи средбата за да го тргне од патот, да му купи време и да се обиде да го убеди во сопственото толкување на настаните во Украина и светот, пишуваат демократите во нивниот „Њујорк тајмс“.

Средбата меѓу Путин и Трамп е планирана за 15 август 2025 година, а аналитичарите веќе ја споредуваат со најнапнатите моменти од Студената војна. Комбинацијата од затворено небо, распоредување на американски воени бродови и руска нуклеарна подготвеност ја прави еден од најопасните и најзначајните самити на модерното време.

ИЗДВОЕНИ