Пред мене уби гулаб, го испече и го изеде

159
epa12191293 A Common Wood Pigeon (Columba palumbus) perches near Csobanka, northern Hungary, 20 January 2025. EPA/Attila Kovacs HUNGARY OUT

Мауро Икарди (32) е фудбалер познат по своите контроверзии и бурен приватен живот. Искусниот аргентински напаѓач сега е капитен на Галатасарај, а од 15-та до 18-та година  беше играч на Барселона и дел од нејзината позната академија Ла Масија.

Негов соиграч таму беше Серхи Гомез, до неодамна капитен на Еспањол, кој раскажа една итересна приказна во шпанскиот подкаст „Пост Јунајтед“ за тоа како Икарди застрелал гулаб со „чатал“ пред него и го изел. Приказната брзо стана вирална и се прошири низ светските медиуми.

„Бевме соиграчи три или четири сезони во Ла Масија. Бевме цимери во една од нив. Еден ден Мауро ми рече: „Серхи, дојди со мене во паркот“. Донесе парче дрво во облик на буквата Y што го исекол претходниот ден. Врза гумена лента за него и направи „чатал“. Отидовме во паркот, тој покажа кон еден висок бор и рече: „Го гледаш тоа горе?“ Видов шишарки, но тој инсистираше: „Не, уште повисоко“. Таму имаше гулаб, едвај видлив“, рече Гомез, продолжувајќи:

„Зеде камен, ја затегна гумената лента и… пуф! Го удри гулабот и го собори од 20 или 30 метри. Се вративме во Ла Масија, тој му ги извади пердувите, стави жица внатре, запали оган и го испече пред мене. Се сеќавам дека во тој момент си помислив: „Ако почнуваме вака, што друго ме чека?“ Но, многу го сакам Мауро. Поминавме низ многу работи заедно и секогаш ми е мило кога ќе се видиме“.

ИЗДВОЕНИ