Братот на папата Лав XIV, Џон Превост, даде изјава за НБЦ Њуз во која откри интересен детаљ од нивниот последен разговор пред почетокот на конклавата.
Тој раскажа дека непосредно пред влегување во конклавата го прашал својот брат Роберт, сегашниот папа, дали го гледал филмот „Конклава“ за да знае како да се однесува.
-Папата Лав потврди дека го гледал, рекол неговиот брат.
Еден од свештениците кои учествувале во конклавата претходно за Политикс.еу рекол дека некои понови кардинали навистина го гледале филмот за да добијат увид во процедурата и пoтоа искоментирал дека филмот е неверојатно вистински.