Пред Глишиќ е сериозна битка: Ќе видиме како ќе реагира неговото тело, вели српскиот министер за здравство

730

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, утрово ги соопшти најновите информации за здравствената состојба на министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, кој вчера наутро доживеа мозочен удар за време на гостувањето на ТВ Пинк,

Лончар како што пренесе РТС, вели дека здравствената состојба на Дарко Глишиќ останува сериозна и дека тој е на респиратор на одделот за интензивна нега.

Според Лончар интервенцијата била сложена и комплицирана и дека траела подолго од вообичаеното бидејќи, како што изјавил, два крвни садови биле оштетени, пренесува РТС.

– Едниот голем крвен сад беше целосно блокиран, а другиот не само што беше блокиран, туку и крвареше. Лекарите успеаја да го решат проблемот со двата крвни садови и сега тие имаат проток на крв – изјави Лончар за новинарите во Ургентниот центар.

Тој додаде дека сега останува да се следи состојбата на Глишиќ.

– Причината е елиминирана, но ќе видиме како неговото тело ќе реагира на понатамошната терапија што мора да ја прима – рече Лончар.

ИЗДВОЕНИ