Ќе ја памтиме по песните: „Навали се Шар Планина“, „Казуј крчмо Џеримо“, „Расуле се косе моје“, „Да има љубов, да има среќа“….
На 1 октомври 2015 година, пред 10 години во Белград, каде што живееше, почина легендарната скопјанка Уснија Реџепова. Неколку дена потоа беше погребана токму во родното Скопје, во муслиманскиот дел на гробиштата во Бутел – онака како што самата посакала да биде. На погребот не присуствуваа многу колеги од музичката сцена, којзнае од кои причини, но сепак Уснија зад себе остави куп незаборавни песни испеани на српски, македонски и на ромски јазик: „Казуј крчмо Џеримо“, „Расуле се косе моје“, „Животе мој“, „Да има љубов, да има среќа“, „Навали се Шар Планина“, „Због тебе мори, Лено“, „Зошто си ме мајко, родила“…
Била една од најатрактивните жени во тогашната Југославија. Се пишувало и се зборувало дека другарот Тито бил воодушевен од природната убавина на Уснија. Лично ја запознал кога ја поканил да му пее за една Нова година во познатото Караѓорѓево. Уснија Реџепова беше повеќе од пејачка. Беше „глас и стас“, беше емоција и ќе остане музички спомен кој не исчезнува. (Д. М.)