За сите клонови на детската градинка „11 Октомври” обезбедени се пречистувачи на воздух.
-Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух ќе прдонесеме за намалување на загадувањето на нашите најмали деца од предучилишна вораст – информират од Општина Бутел.
Оттаму додаваат дека чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас.
-Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за нашите најмлади жители, за дечињата во градинките. Оваа активност е дел од поширокиот план на Општина Бутел за создавање почиста и поздрава животна средина за сите – потенцираат од локалната самоуправа.












