Празнична забава во салата „Антон Димитров“

18

Општина Бутел ги поканува децата, родителите, бабите и дедовците в четврток, во салата „Антон Димитров”,  со почеток во 11 часот на магична предновогодишна забава на која ќе дојде Дедо Мраз и ќе донесе подароци и пакетчиња за сите дечиња.

Освен тоа, за децата ќе има аниматори, балетска точка, како и театарска претстава.

– Ајде сите заедно со омилените детски ликови низ игра и смеа, да се дружиме и забавуваме, да ја испратиме старата и да го најавиме доаѓањето на новата година. Заедно на еден посебен начин и да го дочекаме Дедо Мраз – повикуваат од Општина Бутел.

 

ИЗДВОЕНИ