Празнична магија на тркала

45

Во организација на Екипа Собири и Собири.мк, викендов, на плоштадот во Автокоманда, се одржа мала новогодишна автоизложба која внесе радост, светлина и празничен дух меѓу граѓаните.

– Изложбата беше вистински приказ на автомобилската страст – љубов кон автомобилите која не е само хоби, туку начин на изразување, креативност и заедништво. Накитените автомобили со светилки донесоа насмевки кај сите генерации и ја покажаа убавата страна на автокултурата – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Посебно внимание привлекол автомобил украсен со светилки, а најубавиот момент, како што нагласи Стефковски, бил симболичната поделба на новогодишни пакетчиња за најмладите.

– Ваквите настани покажуваат дека кога страста кон автомобилите ќе се спои со хуманост и со празнична емоција, се создаваат моменти што се паметат – нагласи Стефковски.

ИЗДВОЕНИ