среда, февруари 25, 2026
Дома МАГАЗИН Не е од „Дивиот свет на Национална Гео“: Празнична честитка од Националниот...

Не е од „Дивиот свет на Национална Гео“: Празнична честитка од Националниот парк Галичица – Стадо елени на прошетка низ свежо паднатиот снег/видео

2664
Фото: принтскрин, Национален парк Галичица, видео

Најсвежа празнична честитка од Националниот парк Галичица снимена вчера прикажува стадо елени во снежниот планински предел, чиниш излегле на празнична прошетка на свежо паднатиот снег.

На видеото спделено од Националниот парк Галичица може да се посведочи несекојдневна, прекрасна глетка во која е прикажан сегмент од животот на европскиот елен, кој подолг период живее и опстојува во репродуктивниот центар на паркот. Центарот е изграден во 2018/2019 година со цел да се спаси и одржи во живот овој вид диви животни.

Во 2019 година во центарот беа донесени 30 единки, од кои 24 женки и шест мажјаци.

ИЗДВОЕНИ