Струјата беше прекината на целиот источен брег на реката Влтава, а по еден час мрак, метрото и неколку трамвајски линии беа повторно во функција, изјави заменик-градоначалникот на Прага, Здењек Хриб.
Аеродромот „Вацлав Хавел“ работи нормално, изјави неговата официјална претставничка Дениса Хејтманкова.
Банкоматите и семафорите се исклучени во делови од Прага на источниот брег на Влтава, а продавниците и рестораните се без струја.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека десетици луѓе се заробени во лифтови. Во некои згради се активирани противпожарни аларми.
Се верува дека прекинот е предизвикан од дефект на голема дистрибутивна станица на источниот периферија на градот, а компанијата за комунални услуги PRE изјави дека го поправа, но не е познато кога ќе се воспостави струјата.
Електричната енергија немаше и во поголемите градови околу Прага, како што е Млада Болеслав каде што се наоѓа фабриката за автомобили „Шкода“, како и во градовите Усти на Лаба и Храдец Кралове.