Познато е зошто Јамал одби да се фотографира по потпишувањето на договорот

1627
epa11870070 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates the opening goal during the LaLiga soccer match between FC Barcelona and Alaves at the Olympic Stadium in Montjuic, Barcelona, 02 February 2025. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ламине Јамал и официјално потпиша нов договор со Барселона, што беше најважна задача за Каталонците на крајот од сезоната. Меѓутоа, зачудувачки, немаше фотографии од потпишувањето на договорот и беше потврдено дека Јамал одбил да се фотографира поради баба му Фатима, но таа не е единствената причина.

Кога на 16 години дебитираше во првиот тим на Барселона, никој не можеше да замисли дека Јамал за толку краток период ќе стане еден од најдобрите играчи на овој тим, но и во светот.

Зад себе има уште една фантастична сезона и беше јасно дека приоритет на Каталонците е што поскоро да потпишат нов договор со Јамал за да се осигураат дека тој ќе остане во Барселона и во иднина.

Жоан Лапорта и Деко успеаја во тоа бидејќи Јамал и официјално потпиша договор до летото 2031 година во кој има ослободителна клаузула од милијарда евра.

Исто така, платата на Јамал ќе биде драстично зголемена и се очекува тој да биде меѓу најплатените играчи на каталонскиот тим.

Но, она што е особено изненадувачки е тоа што немаше фотографии од продолжувањете на договорот со Јамал. Барселона секогаш објавува фотографии од ваков настан, но тоа не беше случај и со крилниот напаѓач.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јамал бил тој што не сакал да се фотографира и објаснил дека тоа е поради неговата баба која не можела да дојде на настанот, но има уште една причина.

Ова само покажува колку Нана му е важна на Јамал бидејќи се знае дека таа го одгледала и покрај се што му се случува на овој 17-годишник, не дозволува да славата да му биде на прво место.

Колкава почит има кон неа покажа кога побара од челниците на Барселона да ја презакажат официјалната фотосесија за продолжување на договорот за друг датум за да може да присуствува и неговата баба, а тие без проблем прифатија.

Официјалното фотографирање е закажано за 13-ти јули пред почетокот на подготовките за новата сезона. Но, се известува дека Јамал имал уште една причина што не сакал да го направи тоа кога го потпишал договорот.

Се очекува во новата сезона да го носи дресот со број десет, што и официјално му беше потврдено. Очигледно дресот веќе бил подготвен за фотографирање, но Јамал изјави дека се уште не е време за тоа.

Тој не сака да се фотографира со тој дрес додека неговиот пријател Ансу Фати се уште е во Барселона бидејќи тоа е неговиот број. Фати речиси сигурно ќе потпише за Монако во наредните денови и почитта што Јамал ја покажа кон него е навистина за пофалба.

 

ИЗДВОЕНИ