
Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека раководните лица со големо внимание ја следат работата на актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета. Шпанскиот стручњак ќе стане сериозна опција за тренерското столче само доколку челниците на Барселона порано од предвиденото ја прекинат соработката со трофејниот германски тренер, Ханси Флик.











