
Навивачите на Манчестер Јунајтед испратија јасна порака до клупските челници околу тоа кој треба да биде менаџер во слдната сезона.
Мајкл Керик одлично ја води екипата, но раководството на „црвените ѓаволи“ не се откажува од потрагата по нов менаџер.
Челниците сега се фокусираа на еден кандидат, сето тоа откако шансите за доведување на Луис Енрике нагло се намалија.
ИНЕОС моментално бара соодветен кандидат да го преземе раководството на тимот откако португалскиот стручњак Рубен Аморим беше отпуштен во јануари.
Мајкл Карик е назначен за привремен менаџер, и не само што ги стабилизира работите, туку го трансформираше тимот во вистински кандидат за место меѓу првите четири екипи во Премиер лигата.
Раководните лица ги разгледуваат сите можни опции, но не е тајна дека имаат проблеми со наоѓање големо име.
Томас Тухел потпиша нов двегодишен договор со Фудбалската асоцијација на Англија, а Карло Анчелоти исто така е недостапен.
Де Зерби се поврзува со преземање на Тотенхем, додека формата на Кристал Палас под водство на Гласнер, кој има една победа во последните 15 натпревари, покренува сериозни сомнежи за Австриецот.
Луис Енрике е човекот што Сер Џејми Ретклиф најмногу го сака, но Шпанецот најверојатно ќе ја продолжи соработката со ПСЖ.
Така, се зголемуваат шансите Карик да биде менаџер на Манчестер Јунајтед и следната сезона, особено ако се пласираат во Лигата на шампионите.
Така, тој треба да добие шанса да го прилагоди тимот на сопствена големина во текот на летото и да тргне кон големи работи со Манчестер Јунајтед.
Со оглед на тоа што тимот игра многу добро откако тој дојде и дека бележи добри резултати, навивачите би биле повеќе од задоволни од овој потег на челниците на клубот.
Најважно за навивачите е клубот конечно да игра онака како што сака и да бележи победи.











