
Познатиот српски стручњак, Драгослав Степановиќ, остро го критикуваше српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, кој во новата сезона ќе го носи дресот на грчкиот гигант АЕК.
Искусниот, 76-годишен тренер смета дека Лука си ја уништил кариерата со нелогичните одлуки, а исто така е неприфатливо што ги исполнува желбите на сопругата, што го остава без огромни суми пари.
„Си ја уништи кариерата“, ја започна приказната Степановиќ за српски „Курир“ и продолжи:
„Тој беше чудо во Ајнтрахт, постигнуваше голови и сите го сакаа. Неговата кариера одеше нагоре, а потоа отиде во Реал, таму не играше и имаше голем пад. По Реал (М), тој не можеше да најде клуб за кој да игра. Ја одбра погрешната средина. Тој е играч за Реал затоа што има квалитет и посебно чувство за фудбал. но…“
„Треба да биде поскромен. Тоа е мојот татковски совет до него затоа што не е предоцна за него.“
Легендата беше разочарана од сцената кога Јовиќ ѝ купи на сопругата Софија чанта од 150.000 евра.
„Бев разочаран од него. Кога ја видов фотографијата во весникот, каде што чека во ред да ѝ купи на сопругата чанта од 150.000 евра, се запрашав што прави тој човек. Нему тоа не му треба“, рече познатиот тренер.
Лука Јовиќ ја започна својата кариера во Црвена Ѕвезда од Белград, која го продаде во Бенфика, каде што не се снајде добро.
Потоа направи кариерен потег со преселба во Ајнтрахт Франкфурт. Експлодираше во овој клуб, а потоа следеше трансфер во Реал (М) вреден 60 милиони евра. За жал „кралскиот клуб“ беше преголм залак за Србинот, а потоа започна падот на неговата кариера и неуспешните епизоди во Фиорентина и Милан.
Јовиќ редовно играше за српската репрезентација сите овие години, а на 45 натпревари постигна 11 голови.
Познатиот Степи е легенда на ОФК Белград, а во својата фудбалска кариера играше и за Црвена Ѕвезда, Ајнтрахт Франкфурт, Ворматија Вормс и Манчестер Сити.
Како тренер, поголемиот дел од својата кариера го поминал во Германија, каде што ги водеше Ајнтрахт и Баер Леверкузен, меѓу другите, а исто така ги водеше и Атлетик Билбао и АЕК, меѓу другите клубови.
Имаше краток период во 2010 година во Лакташи, а кариерата ја заврши во 2014 година во Раднички Ниш.